Harun Reşit Kaymaz
15 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
БИЛЕЏИК
- Харун Решит КАЈМАЗ
Компанијата со седиште во градот Согут во турската област Билеџик има голема побарувачка од Турција и странство за садници произведени во рамките на практиката на земјоделство без земја.
Компанијата која ја започна својата работа пред 25 години, обезбедувајќи земјоделски лекови за земјоделците, со текот на времето се преориентира кон земјоделство без земја.
Компанијата во рамките на земјоделство без земја произведува садници на домати и пиперки и се труди да ги исполни сите побарувања за садници кои доаѓаат од земјата и од странство.
Џагин Дениз Дикмен е земјоделски инженер кој работи во оваа компанија, а за АА изјави дека Турција се трка со светот во садници.
Дикмен информираше дека во почетокот на својата работа, компанијата производството на садници го започнала на 3 декари, а денес производството на садници се изведува на 30 декари, и додаде „На годишно ниво имаме капацитет за производство на 100 милиони садници. Ги направивме потребните инвестиции за семенскиот материјал. До нашата компанија пристигнува многу голема побарувачка за нашите семиња.“
Дикмен, зборувајќи дека земјоделството што се спроведува на земјиште, трае кусо, додаде дека е многу напорна борбата со дивата трева и коровот, и продолжи со зборовите:
„Затоа ние избравме да произведуваме семе без земја. Имаме многу голема побарувачка, особено од странство. Ги подготвуваме само ѓубрето и минералите кои се потребни за растението и ги пакуваме во кеси во кои додаваме раствор од перлит. Бидејќи на растението му се обезбедени потребните предуслови, тоа покажува многу добар напредок. Нема никаква разлика од здравствен аспект меѓу земјоделството на земјиште и земјоделство без земја. Дури е многу покорисно, од аспект на животната средина. Извезуваме во балканските земји, турските републики и Израел.“
Инженерот Дикмен истакна дека имаат многу голема побарувачка за расадот на домат, додавајќи дека во иднина имаат цел да извезуваат во повеќе земји од светот.