Merve Aydoğan
27 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
КИРШЕХИР/ЕСКИШЕХИР (АА) - Најмалку 11 лица се уапсени во централниот дел на Турција денес, поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски извори истакнаа дека во истовремени операции спроведени од страна на специјалните единици во Ескишехир, уапсени се пет осомничени терористи.
Силите на безбедносните единици, во раните утрински часови денес, во Киршехир, исто така спроведоа антитерористичка операција, при што уапсија шест лица осомничени за поврзаност со терористичката група ДЕАШ.
Безбедносните сили се вклучени во долгогодишната кампања за расчистување на терористите на ДЕАШ од Турција.
Во нападите на ДЕАШ низ Турција досега животот го загубија повеќе од 300 лица.