Mümin Altaş
01 Март 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ги предупредила сите земји воени бродови да не поминуваат низ турскиот мореуз од почетокот на руско-украинската војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ги предупредивме сите крајбрежни и некрајбрежни земји да не испраќаат воени бродови преку мореузот“, рече Чавушоглу по состанокот на владата во Анкара, главниот град на Турција.
Тој потсети дека во случај на војна, овластувањата во теснецот целосно ѝ припаѓаат на Турција.
„Доколку Турција не е страна во војната, завојуваните земји имаат овластување да не ги испраќаат своите бродови преку мореузот. Доколку воен брод се враќа во својата база во Црното Море, преминот не е блокиран. Ние ги применуваме само одредбите на Конвенцијата од Монтре“, рече Чавушоглу.
„Ние го спроведовме она што Конвенцијата од Монтре го налага и ќе го спроведуваме тоа и понатаму. До денес немаше премини ниту барања за премин преку мореузот. До сега, Русите прашаа дали ќе ја спроведеме Конвенцијата од Монтре, доколку биде потребно. Им кажавме дека стриктно ќе се придржуваме на договорите.“
Според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, Турција може да спречи странски воени бродови да минуваат низ турскиот мореуз за време на војна.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот нареди воена интервенција во Украина, неколку дена откако призна две украински енклави кои ги држат сепаратистите.