Tuğrul Çam
10 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турција нема да чека 50 години за членство во ЕУ, ниту владата ниту народот немаат трпение за тоа, рече министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу истот така рече дека Иран и Русија треба да ја исполнат својата обврска во врска со гаранциите дадени во рамките на договорот за Сирија и додаде дека Турција нема да учествува на состанокот во Сочи доколку таму бидат претставниците на терористичката организација ЈПГ.