İhvan Radoykov
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
СОФИЈА (АА) - Граничниот премин на бугарско-турската граница Капитен Андреево, повторно е отворен, откако денес беше привремено затворен поради спроведување на операција во рамки на борбата против криумчарењето на цигари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на денот приведени се најмалку 14 цариници вработени на овој премин. Извршени се над стотина претреси на објекти и приватни возила во градовите Хасково, Љубимец, Димитровград и Свиленград.
Како што јавува бугарското радио БНР, поради спроведување на операцијата против криумчарење на цигари не беше можно да се влезе од Турција во Бугарија
Капитан Андреево е најголем од трите гранични премини на турско-бугарската граница, а поради неговото затворање во одредени делови на денот се формираа колони долги и до неколку километри.
Слични операции се изведени и во јануари, март и мај оваа година. Во тие операции приведени се неколку овластени лица, а запленет е и поголем износ на пари.