Vesna Besic
28 Декември 2022•Ажурирај: 29 Декември 2022
САРАЕВО (АА) - Претставниците на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина (ПСБиХ) на итна седница го потврдија назначувањето на претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, јавува Агенција Анадолија (АА).
За таа позиција Кришто беше номинирана од Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Претседателството на Босна и Херцеговина претходно со два гласа „за“ и еден глас „против“ донесе одлука за именување на Борјана Кришто за претседавачка со Советот на министри на Босна и Херцеговина.
„За“ гласаа Жељка Цвијановиќ (Сојуз на независни социјалдемократи - СНСД) и Денис Беќировиќ (Социјалдемократска партија - СДП), додека „против“ гласаше Жељко Комшиќ (Демократски фронт).
Претседавачот со Советот на министри на БиХ ја презема функцијата откако неговото назначување ќе биде одобрено од Претставничкиот дом. Доколку Домот не ја потврди одлуката на Претседателството на БиХ, тогаш Претседателството на БиХ е должно во рок од осум дена да именува друг претседавач со Советот на министри и таа одлука да ја достави до Претставничкиот дом на ПСБиХ за потврда.
По завршувањето на денешната прва итна седница на Претставничкиот дом на државниот Парламент, треба да се одржи редовната седница на Домот на чиј дневен ред е именување членови на постојаните комисии на Претставничкиот дом.