Bojana Stojanovic
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија против коронавирусот досега се вакцинирани 45,3 проценти од возрасната популација, изјави претседателката на Владата, Ана Брнабиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Таа рече дека тоа не е доволно за колективен имунитет и ги повика сите, а особено младите, да се вакцинираат што поскоро.
Брнабиќ на Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград пречека половина милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“.
„Со примањето на контингентот кинески вакцини, кој пристигна утринава на Аеродромот „Никола Тесла“, пристигнаа сите вакцини договорени со „Синофарм“, што е 4,2 милиони дози, во согласност со договорот“, наведе Брнабиќ.