Zylfije Adem Jakupi
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
ПРИШТИНА
Во Косово денес почина уште една пациентка позитивна на Ковид-19, но тоа беше констатирано по нејзината смрт, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Болничката и универзитетка клиничка служба на Косово соопшти дека пациентката на возраст од 65 години, префрлена од болницата во Урошевац, била примена во Ургентниот центар во многу тешка состојба и дека поради срцев удар починала и покрај максималниот ангажман на лекарскиот персонал. Пациентката била позитивна на Ковид-19, што е потврдено по нејзината смрт.
Во соопштението се наведува дека денес во Ургентниот центар покраj починатата пациентка, биле примени уште двајца пациенти чии резултати биле исто така позитивни на Ковид-19.
Националниот институт за јавно здравство на Косово соопшти дека 5 нови лица се заразени со Ковид-19, во кои спаѓаат и трите пациенти примени денеска во Ургентниот центар и од кои едно лице почина.
Вкупниот број на заразени во Косово изнесува 170 лица, додека 4 лица ги загубија животите.