Kayhan Gül
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
БЕЛГРАД (АА) – Во Србија откриен е првиот случај со новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, на прес-конференција истакна дека е откриен првиот случај на дијагностициран Ковид-19 во земјата - тоа е лице кое неодамна пристигнало од Унгарија.
Во меѓувреме, во Словенија, каде што беше забележан првиот случај на Ковид-19 пред два дена, бројот на заболени лица се искачи на 6, додека во Хрватска бројот на заболени се зголеми на 11.
Во другите регионални земји, како Босна и Херцеговина, бројот на заболени е 2, а во Северна Македонија, 1.