Zylfije Adem Jakupi
05 Август 2020•Ажурирано: 06 Август 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово починаа 15 лица од последиците на коронавирусот (Ковид-19), додека се регистрирани 218 новозаразени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Националниот институт за јавно здравје на Косово соопштено е дека се тестирани 461 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 218 резултираа позитивно, а најмногу се заразени се од општина Приштина, 70 случаи.
Досега вкупно се тестирани 38.803 примероци, од кои 9.492 беа позитивни на коронавирусот, од кои 284 се смртни случаи.
Од Институтот се наведува дека во последните 24 часа се излекувани 156 пациенти, со што бројот на опоравени се зголеми на 5.346.
Моментално, активно се заразени 3.862 случаи.