Agim Sulaj
07 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово е откриен уште еден случај со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се зголеми на 861, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати во земјата изнесува 27.
Уште 28 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 561.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 194 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 9.279, од кои вкупно 861 резултирале позитивни на Ковид-19.