Zylfije Adem Jakupi
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа на Косово починал еден пациент од Ковид-19, додека регистрирани се 15 новозаразени од коронавирусот, пренесува агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на заразени во Косово се зголеми на 377, додека од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 8 лица.
Новиот смртен случај е жена на 39 годишна возраст. Пацинтката покрај Ковид-19 имала и пропратни болести.
Денес на Косово се излекувани 4 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани од новиот тип на коронавирусот изнесува 63.
Од 8 февруари досега во Косово се извршени 3.410 тестови на Ковид-19.
Во исто време, Минситерството за здравство на Косово одлучи да воведе ригорозни мерки на ограичено движење на граѓаните на целата територија на Косово со цел да се оневозможи понатамошно ширење на пандемијата на коронавирусот.
Според најновата одлука, ригорозните мерки на движење стапуваат на сила на 15 април (среда) во 6 часот наутро и ќе траат до 3 мај 2020 година. Секој граѓанин ќе има право на движење само 90 минути во одреден временски период од денот, одреден врз база на претпоследната бројка од личниот број. Објавена е и табела со 8 различни интервали, почнувајќи од 7 па до 22.30 часот.
Министерството за здравство на Косово информираше дека секој граѓанин ќе има на располагање 90 минути за извршување на основните обврски, почитувајќи ја социјалната дистанца и сите досегашни правила за заштита на сопственото и јавното здравје.
„Оние кои ќе ги прекршат овие мерки ќе се соочат со законски мерки“, се вели во соопштението. Досега во Косово во сила беше забраната за движење на граѓаните од 17 до 6 часот.