Agim Sulaj
23 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 3 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.450, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 379 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 57.696.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.733 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 218.142 тестирање.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 50.731 лице. Во моментов во земјата има 5.515 активни случаи.