Eşber Ayaydın,Halil Şahin
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
ИЗМИР (АА) - Република Македонија е земја партнер на Саемот во Измир, Турција (Travel Turkey – Izmir), јавува Anadolu Agency (AA).
Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, во своето обраќање на овој саем, истакна дека се фокусирани на проширување на туристичкиот сектор.
Јаневски рече дека на партнерството на Македонија на Саемот се гледа како на традиционално пријателство и соработка меѓу Македонија и Турција, и додаде дека секоја година се зголемува бројот на турски туристи кои ја посетуваат Македонија.
На Конгресот и Саемот „Travel Turkey“, што се одржа во Измир од 6 до 9 декември, под покровителство на Министерството за култура и туризам на Република Турција, учествуваа повеќе од 1.200 учесници од 38 земји од светот и од 48 области во Турција.