Agim Sulaj
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа 6 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 720, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 661 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 22.206.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.617 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 102.012 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.921 лице. Моментално има 5.565 активни случаи.