Bojana Stojanovic
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во изминатите 24 часа од последици на вирусот Ковид-19 починаа 11 лица, регистрирани се уште 2.181 заразен, а до денес хоспитализирани се 2.125 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно досега во земјата евидентирани се 55.676 случаи на вирусот.
Од вчера тестирани се 12.480 лица, од кои 2.181 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период починаа 11 лица, со што бројот на починати од вирусот во Србија се зголеми на 861. Процентот на смртност е 1,55 отсто.
Бројот на пациенти приклучени на респиратори е зголемен и денес изнесува 57.
Од почетокот на епидемијата до денес тестирани се 1.388.716 граѓани.