Andelija Stojkovic
15 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и претседателката на Собранието на Србија Маја Гојковиќ поради ширење на коронавирусот вечерва прогласија вонредна состојба која стапува на сила веднаш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Владата на Србија ќе донесе мерки кои важат во вонредната состојба.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, воведувајќи вонредна состојба, изјави дека веднаш од утре војската на оваа земја ќе ги чува болниците во кои се лекуваат заболените од коронавирусот.
„Србија денес е во војна против невидливиот противник кој мора да го победи. Тоа е борба за оние кои ја создаваа оваа земја, но и за иднината на Србија", истакна Вучиќ.