Bojana Stojanovic
25 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
БЕЛГРАД
Во изминатите 24 часа во Србија животот го загубија 3 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, а коронавирусот е детектиран кај 614 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Досега во Србија се регистрирани вкупно 39.484 случаи на заразеност со Ковид-19.
Во последното деноноќие спроведени се 4.739 тестирања, од кои 614 биле позитивни на Ковид-19.
Во истиот период животот го загубија 3 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 792. Процентот на смртност во оваа земја изнесува 2%.
На респиратори се наоѓаат 26 пациенти.
Вкупниот број на тестирани лица за коронавирусот во Србија изнесува 1.283.016.