Tuba Şahin
26 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
АНКАРА
Компанијата „Туркиш ерлајнс“ го надмина просекот од илјада авионски летови дневно, што е рекордно ниво на работење од почетокот на пандемијата на Ковид-19 и показател на успешното работење на оваа компанија во периодот на нормализација на состојбата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во петокот „Туркиш ерлајнс“ реализираше 1.065 летови низ светот, што е за 23,4 отсто повеќе од 15-месечниот дневен рекорд што таа компанија го оствари од 4 јуни.
„Ги презедовме потребните мерки, насочени код иднината, а сега напредуваме со подобри резултати на секој чекор“, наведе во соопштението извршниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Икер Ајџи.
Тој најави дека таа компанија ќе продолжи да ги зголемува бројките на дневните летови и патници.
Потсетувајќи на тоа колку пандемијата минатата година силно го погодила воздухопловниот сектор и довела до запирање на летовите, од „Туркиш ерлајнс“ наведоа дека патничката побарувачка почнала да расте благодарејќи на дистрибуцијата на антиковид-вакцините, ублажувањето на ограничувањата за патување и почетокот на летната сезона.
Посебно е зголемена побарувачката на летови кон Турција.
„Туркиш ерлајнс на 25 јуни леташе за Турција со фактор на пополнетост од 75,3 отсто, додека пополнетоста на летовите од Турција изнесуваше 68,2 отсто“, се наведува во соопштението.
Компанијата „Туркиш ерлајнс“ основана е во 1933 година и има флота од 367 патнички и товарни авиони кои летаат на 323 светски дестинации, вклучувајќи 273 меѓународни и 50 домашни.