Zeynep Beyza Kılıç
08 Септември 2022•Ажурирај: 10 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Цените на нафтата на светскиот пазар вчера се зголемија откако тензиите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Русија дополнително ескалираа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тензиите дополнително се зголемија откако ЕУ и земјите од Г7 изјавија дека планираат да ги ограничат цените на руската нафта.
Меѓународната референтна цена на нафтата брент изнесуваше 88,25 долари за барел по растот на цената од 0,28 отсто. Американската референтна вредност Вест Тексас интермедиејт (WTI) се тргуваше по цена од 82,28 долари по барел по растот на цените на нафта.
Министрите за финансии на Г7 објавија план за финализирање на ограничувањата на цената на руската нафта по состанокот во Германија минатата недела.
Како реакција на планот на Г7 и ЕУ, рускиот претседател Владимир Путин се закани дека целосно ќе го прекине снабдувањето со енергија доколку се преземе таков чекор.
„Нема да испраќаме ништо, нафта, природен гас или јаглен, доколку тоа е спротивно на нашите договори и интереси“, рече Путин.