Barış Seçkin
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 85 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 33.774, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 36.976 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 518 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 234.531.
Денес се излекувани 1.886 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 163.781 лицe.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 85 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.774 лица.
Според соопштеното, 316 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.114.572 тестирања на Ковид-19.