Mücahit Oktay
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ЊУЈОРК
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа е причина за смртта на 513 лица во САД, со што вкупниот број на починати во оваа земја се искачи на 173.143, известува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да е епицентар на пандемијата на коронавирусот во светот според бројот на смрти случаи и бројката на лица позитивни на Ковид-19.
Според податоците што ги објави интернет страницата „Worldometer“, последните 24 часа во оваа земја се детектирани 37.250 новозаразени, зголемувајќи ја бројката на лица позитивни на коронавирусот на 5.569.520.
Последните 24 часа во САД животот го загубија 513 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 173.143.
Досега во САД оздравеле 2.922.000 лица заразени со коронавирусот, а спроведени се 70.983.000 тестирања.
По САД следи Бразил како втора земја во светот според бројот на детектирани лица позитивни на Ковид-19, со 3.340.197, а трета е Индија со 2.661.396 случаи на зараза.
Калифорнија е сојузна држава со најголем број на регистрирани случаи на коронавирусот во САД, каде кај 628.145 лица е детектирани Ковид-19.
По Калифорнија следат Флорида со 573.416 случаи и Тексас со 559.810 лица заразени со Ковид-19.