Nuran Erkul
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за енергија и природни ресурси на Турција, Берат Албајрак, денеска во Анкара изјави дека реализацијата на првиот дел од проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“ ќе биде завршен во 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Другата линија на гасоводот ‘Турски тек’ директно е поврзана со движењата на пазарот во Европа. Од гледиште на Турција, тоа претставува значаен проект којшто ќе ги елиминира сите можности од евентуална криза. Почетокот на изградбата е планиран за 2017 година, а реализацијата на првиот дел од проектот ќе биде завршена во 2019 година“, рече Албајрак во текот на своето гостување на уредничкиот колегиум на АА.