Tuba Şahin
17 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, денес изјави дека побарувачката на меѓународниот пазар за турските обврзници е трипати поголема од реализираниот обем, што ја потврдува довербата на турските економски индикатори, јавува Anadolu Agency (AA).
Албајрак во писмено соопштение на Министерството наведе дека побарувачката за турски обврзници на меѓународниот пазар ја потврдува јачината на економските темели на Турција, нејзината отпорност на надворешните шокови и успехот на преземените мерки.
„Понудата на обврзниците привлече порачки од повеќе од 250 сметки и тоа во тројно поголем обем од реализираното“, изјави Албајрак.
Во соопштението, исто така, се наведува дека Турција издала обврзници за период од пет години и тоа во вредност од две милијарди долари.