Zülfiya Yakup
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - Под покровителство на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, денес во Приштина започна со работа Меѓународната лидерска средба, на која присуствуваат околу 250 претставници на држави од сите континенти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весели, објави неговиот Кабинет, им се заблагодари на учесниците за искажаната доверба во државата на Косово.
„Балканот беше воено жариште долго време и во историјата често се соочувавме со ризик од исчезнување. Генерација по генерација, луѓето ги загубија своите најблиски и нивните домови. Но, нашата посветеност на слободата беше посилна од насилство. Ние веруваме во правдата и дека не сме сами, бидејќи имаме добри луѓе во близина кои ќе ни помогнат да ја надвладееме темнината и заостанатоста. Задоволни сме што имаме луѓе како вас тука”, рече претседателот на Парламентот, Кадри Весели.
Цитирајќи изјава на Мајка Тереза дека „ние не можеме да направиме големи работи, но можеме да правиме вистински работи”, Весели ја смета за важна поента.
„Тука сме да им го кажаме и на соседите патот кон стабилноста и траен мир. Косово е посветено во овој поглед. Со помош на пријатели како вас, ние може да станеме амбасадори на помирување и да покажеме дека да се ќивее во мир е човечка природа ”, рече претседателот Весели меѓу другото.
Како што е наведено во соопштението, пред почетокот на Меѓународната лидерска средба, претседателот на Собранието се сретна со поранешниот гувернер на Јужна Каролина, Дејвид Бизлиј, како и гостите од Бундестагот, Јосип Jуратович и Френк Хајнрих.