Muhammed Bilal Kenasari
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Специјалниот овластен обвинител на САД, Роберт Милер тврди дека претседателот Доналд Трамп би можело да биде испитан во рамките на „Истрагата за Русија”, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Washington post“ (Вашингтон пост) објави вест базирана врз изјава на лице од тимот на Милер кој сакал да остане анонимен, во која се наведува дека постои можност за неколку недели Трамп да биде испитан.
Анонимниот соговорник за Вашингтон пост го рекол следното: „Овој период напредува многу побргу од она што секој го претпоставува”.
Во досегашната истрага, Роберт Милер ги обвини поранешниот советник на Белата куќа за национална безбедност Мајкл Флин, поранешниот менаџер на предизборната кампањата на Трамп, Пол Манафорт, неговиот помошник Рик Гејтс и советникот за надворешна политика во периодот на предизборната кампања Џорџ Пападопулос. Флин и Пападопулос ги прифатија обвинувањата против нив, додека Манафорт и Гејтс ги отфрлија.
Поради тврдењата дека Русија извршила кибер напад врз САД, со што влијаела врз претседателските избори во САД одржани на 8 ноември 2016 година, американскиот Конгрес започна истрага по ова прашање. Од март 2017 година, Милер покрена друга одделна истрага.
Како последен настан во САД поврзан со истрагата е дека поранешниот менаџер на предизборната кампања на Трамп, Манафорт поднел тужба против Милер тврдејќи дека обвинителот „ги надминал своите граници на овластување” во рамките на истрагата за Русија.