Servet Günerigök
27 Ноември 2024•Ажурирај: 28 Ноември 2024
Тројца Американци се ослободени од притвор во Кина, соопшти денес Белата куќа, јавува Анадолу.
„Задоволство ни е да соопштиме за ослободувањето на Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг од притвор во Народна Република Кина“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност.
Портпаролот истакна дека тие наскоро ќе се вратат и повторно ќе бидат со своите семејства првпат по многу години.
„Благодарение на напорите и дипломатијата на оваа администрација со НР Кина, сите незаконски приведени Американци во НР Кина се дома“, додаде портпаролот.
Претходно новинската веб-страница „Политико“ објави дека администрацијата на Бајден посредувала за ослободување на тројцата Американци во замена за неидентификувани кинески државјани во американски притвор, цитирајќи официјален претставник на Белата куќа.