Fuat Kabakcı
14 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АНКАРА
Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 81 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 81.000.014 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите четири земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во САД оздравеа 18.113.821 лице, во Индија 10.603.213, во Бразил 8.678.327, и во Русија 3.577.907 лица.
Меѓу другото, во Турција од вирусот се излекуваа 2.468.419 лица.
Во светот 25.419.737 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 108.970.592, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 2.401.124 лица.