Ekip
23 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
РАМАЛА (AA) – Повеќе од 200 Палестинци го загубиле животот во израелските затвори од 1967 година, поради мачење, недостиг од медицинска заштита и рани добиени од страна на вооружените сили, соопштено е од палестинските организации за заштита на човековите права, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во заедничко соопштение на Здружението на палестински затвореници, Организацијата за заштита на човековите права и Затвореничка совест нагласија дека 213 Палестинци починале во израелските затвори од 1967 година. Истакнуваат дека седум од нив се убиени, 72 мачени до смрт, додека 59 им подлегнале на повредите поради недостаток од медицинска заштита.
Се додава дека Палестинците во израелските затвори се изложени на нехуман третман, вклучувајќи физичко и психичко злоупотребување. Околу 60 отсто од затворениците претрпеле „брутални физички напади“.
Преку соопштението, организациите побараа од Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, да оформи посебна комисија за истражување на смртните случаи на Палестинците во израелските затвори.
Според палестинските статистички податоци, моментално во затворите низ Израел се наоѓаат околу 6.400 Палестинци.