Nuri Aydın
21 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со повикот до Владата на Сеул да го зголеми својот придонес за американските бази, рече дека понудата на Јужна Кореја не е доволна и затоа е одбиена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во Белата куќа, Трамп рече дека разговарал со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, за финансиска поддршка на САД, како одговор на „огромната услуга“ од Вашингтон.
Опишувајќи ја Јужна Кореја како многу богата нација, Трамп истакна: „Ние браниме еден прекрасен народ. Сакаме да плати еден голем процент за она што го правиме. Не е праведно.“
Истакнувајќи дека администрацијата на Сеул им понудила „одредена сума пари“, Трамп рече дека тоа го одбиле.
„Не се работи за некој попуст. Се работи за придонес за одбраната на својата нација“, нагласи Трамп.
Наведувајќи дека прават голема услуга, Трамп рече: „Имаме одлични односи една со друга, но мора да сме еднакви и да се однесуваме фер.“
Соединетите Американски Држави (САД) имаат 32.000 војници стационирани во Јужна Кореја.