Afra Aksoy
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Израел соопшти дека по принудното запленување на бродот наречен „Слобода“ на отворено море, бродот е вратен на пристаништето Ашдод. Во соопштението се наведува дека се ослободени сите патници од бродот, освен неговиот капетан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Комитетот за пробивање на блокадата, Етхем Ебу Силмије, соопшти: „Потврдуваме дека окупаторските сили ги ослободија сите патници на бродот, освен неговиот капетан“.
Од пристаништето во Газа, по повод 8-годишнината од нападот на израелската војска врз бродот Мави Мармара, симболично отплови брод кој подоцна беше конфискуван од страна на израелските поморски сили. Израелската војска бродот го довлечка до пристаништето во Ашдод.
Во писменото соопштение објавено од страна на израелската војска се вели: „Бродот кој отплови од Газа и на кој имаше 17 лица заедно со екипажот, се обиде да ја пробие границата. Бродот, заедно со лицата кои се наоѓаа на него, се доведени во Ашдод“.
Ослободените лица се вратиле преку граничниот премин „Бејт Ханун“, северно од Појасот Газа.
Од Газа по повод 8-годишнината од настанот со бродот Мави Мармара, отплови брод со палестински активисти, меѓу кои се наоѓаа студенти, ранети и болни лица, со цел разбивање на блокадата и повик до светската јавноста за нејзино отстранување.