Qais Omar Darwesh Omar
30 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
РАМАЛА
Палестинците на Западниот Брег соопштија дека израелските власти ги спречиле да влезат во Ерусалим на петочната молитва во „Ал Акса“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израел неодамна постави барање, оние кои сакаат да се молат во џамијата, да бидат вакцинирани против новиот коронавирус.
Во услови на недостиг на вакцина на Западниот Брег, дозите во моментов се ограничени на оние со веќе постоечки хронични заболувања и стари лица, според палестинското Министерство за здравство.
„Воените контролни пунктови на патиштата на окупираниот Западен Брег што водат кон Кудс (Ерусалим) од рано изутрина се сведоци на активно движење на Палестинците. Сепак, властите дозволија само ограничен број луѓе да влегуваат“, велат извори за АА.
Нида Абдула за АА изјави дека сите нејзини обиди да влезе во Кудс биле неуспешни.
„Од зори се обидувам да влезам во Кудс, секогаш бев спречувана од Израелската армија бидејќи сум немала дозвола“, изјави таа.
Долги години, молитвите во Џамијата „Ал Акса“ се ограничени на жителите на Источен Кудс, арапските области во Израел и на ограничен број Палестинци на Западниот Брег кои добиваат специјални дозволи, додека на жителите на Појасот Газа им е забранет пристапот.