Muhammed Semiz
18 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
АЛ КУДС (АА) - Израелските сили во окупираниот Ал Кудс (Ерусалим) приведоа 10, а на Западниот Брег пет Палестинци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палестинската новинска агенција ВАФА објави дела израелските сили извршиле рација во Анати и Бејт Ханини, во Источен ал Кудс и во бегалскиот камп Шуафат.
Израелските сили во бегалскиот камп привеле 7 лица, меѓу кои има и жени. Во Анади се приведени две лица, додека во Бејт Ханини приведено е едно 16-годишно момче.
Израелската војска соопшти дека во рациите спроведени на Западниот Брег се приведени пет Палестинци.
Во рациите во Рамала приведени се тројца Палестинци, а притоа се запленети оружје и муниција.
Во Џенин се приведени две лица. Се тврди дека приведените се обвинуваат за поврзаност со тероризам.