Barış Seçkin
11 Јули 2020•Ажурирано: 12 Јули 2020
РИМ (АА) - Премиерот на Италија, Џузепе Конте, истакна дека геноцидот во Сребреница, кој се случи пред 25 години, останува една од најтемните страници во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Геноцидот во Сребреница, кој се случи пред 25 години и е резултат на омраза и националистичко насилство останува една од најтемните страници во европската историја. Признавањето на човековите права, нивната заштита и потрагата по мир се основните вредности на човештвото и на Европа“, напиша Конте на својот профил на Твитер.
Од друга страна, преку сопштение по повод 25-годишнината од геноцидот се огласи и италијанското Министерство за надворешни работи: „Денес, жалиме за жртвите од геноцидот во Сребреница. Нашите мисли и молитви се со нив и со нивните семејства. Многу е важно да стигнеме до правдата 25 години подоцна. Одбележувањето на Сребреница е морална должност за оние кои веруваат во мирот и човековите права.“
Во соопштението исто така се потенцира значењето на сеќавањето на Сребреница. „Сеќавањето е клучен елемент за да се спречи повторувањето на ваквите трагедии. Колективното почитување и признавање се основа за градење подобра иднина и основа за регионална соработка. Народот на Босна и Херцеговина, во потрагата по мир и просперитет, може да верува во силната поддршка и блиското пријателство на Италија.“