АЗАЗ (АА) - ОМЕР КОПАРАН/БУРАК КАРАЏАОГЛУ -
Цивилите сместени во кампот „Рукбан“ во Сирија, по наводите на руските официјални лица да започнат со негова евакуација, се загрижени бидејќи не сакаат да се вратат на подрачјата под контрола на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, пишува Anadolu Agency (AA).
Во кампот се сместени недалеку од границата со Јордан, а во кој, под режимска опсада, во нехумани услови живеат околу 60.000 цивили.
Цивилите кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради војната во Сирија, се сместија во кампот во пустинското подрачје, во кој владее недостиг на лекови.
Официјалните лица на ОН повикуваат на подобрување на условите во кампот, допуштање влез на хуманитарната помош и секој вид доброволна евакуација на безбеден начин.
Неодамна челникот на Националниот контролен центар при руското Министерство за одбрана, Михаил Мизинцев, изјави дека во покраината Хомс, во Џулејб и Џебел ал Гураб, се формирани два центра. Тој изјави дека цивилите преку коридорот ќе бидат прво префрлени во привремени прифатни центри на периферијата на Дамаск. Сепак, Јенс Ларке, портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи при ОН, претходно за АА изјави дека ОН не се вклучени во отворањето на коридорот.
Цивилите кои не веруваат дека режимот добро ќе се однесува кон нив, се противат на руската иницијатива за евакуација и не сакаат да се вратат на подрачјата под режимска контрола.
Удеј Селаме, еден од цивилите сместени во кампот „Рукбан“ не сака да се врати на подрачјето под режимска контрола, бидејќи побегнал од тиранијата на режимот на Асад и стравува за животот.
„Она што го нарекуваат хуманитарен коридор е пат на смртта. Зошто побегнав од нив? Во кампот дојдов, бегајќи од тиранијата на Асад. Не сакаме да се вратиме на подрачјето под контрола на режимот на Асад“, изјави Селаме.
Тој укажа на лошите услови на подрачјето во кое живее.
„Овозможите ни услови да останеме тука. Или отворете го хуманитарниот коридор од северниот дел на земјата. Северот е безбеден. На северот е можно да се добијат многу работи што им требаат на луѓето“, смета Селаме.
Слично мислење има и Мухамед Еласура.
„Никој не даде никакви гаранции за заминувањето оттука. Од секого се бара заминување. Тука дојдовме, бегајќи од тиранијата. Побегнавме од смртта. Како сега да се вратиме таму од каде што побегнавме? Сѐ уште има луѓе во затворите. Не знаеме во каква состојба се, можеби не се живи“, изјави Еласура.
Сепак, тој укажа и на лошите услови за живот во кампот и повика на итно доставување хуманитарна помош.
Повика на отворање на коридорот за хуманитарна помош.
„Тоа го сакаме. Нема зеленчук, овошје, лекови, инфраструктура. Тешки се условите. Немаме ништо“, изјави Еласура. Додаде дека сакаат да отидат на подрачјето ослободено со офанзивата „Штитот на Еуфрат“.
news_share_descriptionsubscription_contact


