Mahmut Geldi
07 Октомври 2024•Ажурирај: 08 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денес соопштија дека ќе обезбедат хуманитарна помош во износ од 30 милиони долари за поддршка на либанските цивили кои побегнаа во Сирија поради ескалацијата на израелските напади, јавува Анадолу.
Претседателот Мухамед бин Зајед нареди доставување итна помош наменета за либанските цивили кои побараа засолниште во Сирија, јави државната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати, ВАМ (WAM).
30-те милиони долари помош се дел од поширокиот пакет од 100 милиони долари од ОАЕ за Либан, јави агенцијата.
Покрај тоа, претседателот Бин Зајед одобри шест дополнителни летови за транспорт на помош директно во Либан.
Судирите меѓу израелската војска и Хезболах продолжуваат покрај либанско-израелската граница од 8 октомври 2023 година. Додека Хезболах ги гаѓа северните израелски воени позиции со проектили и дронови, Израел одговори со силни воздушни напади врз јужен Либан и подрачјето на Дахије во главниот град Бејрут.
Поради нападите, десетици илјади луѓе бегаат од јужен Либан во Бејрут и северните области, а многумина и во Сирија.