Dzihat Aliju
29 Декември 2025•Ажурирај: 30 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, објави честитка по повод успешното одржување на парламентарните избори во Косово, пренесува Анадолу
„Особено му честитам на премиерот г. Албин Курти за достоинствената победа. Овој изборен резултат ги потврдува довербата и граѓанската поддршка за визијата и посветеноста на Движењето Самоопределување. Исто така, им честитам на сите политички субјекти за нивното конструктивно учество, како и на граѓаните на Косово за нивната демократска култура и зрелост“, напиша тој на социјалните мрежи.
„Остануваме посветени на зајакнувањето на одличните соседски и братски односи, како и на продолжувањето на тесната соработка меѓу нашите две земји, во интерес на стабилноста, развојот и европската интеграција на регионот“, додаде тој.
Движењето Самоопределување излезе како партија со најголем број гласови според прелиминарните резултати објавени од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК). По пребројувањето на над 99 отсто од гласачките кутии на вонредните парламентарни избори во Косово, одржани вчера (28 декември), партијата предводена од Курти има освоено 49,31 отсто од гласовите.