Amir Latif Arain
10 Март 2024•Ажурирај: 11 Март 2024
АНКАРА (АА) - Јужнокорејската крајбрежна стража денес ја потврди смртта на 4 лица во несреќата што се случи вчера при превртувањето на рибарски брод во близина на јужниот брег на земјата, додавајќи дека спасувачите вложуваат напори за пронаоѓање на петмината исчезнати членови на екипажот, пренесува Анадолу.
Во тек е спасувачка операција во која се вклучени 20 бродови и 4 авиони во потрага по исчезнатите членови на екипажот, информираше Јонхап Њуз со седиште во Сеул, повикувајќи се на официјални претставници на крајбрежната стража.
Девет членови на екипажот на бродот, од кои седуммина се Индонезијци, биле на бродот кога 29-тонското пловило се преврте во утринските часови, 68 километри јужно од островот Тонгјеонг, во провинцијата Јужен Ѓеонгсанг.
Четири членови на посадата, од кои еден јужнокорејски скипер и тројца Индонезијци, пронајдени се во бессознание во внатрешноста на бродот, а лекарите подоцна констатирале нивна смрт.