Mahmut Geldi
29 Декември 2022•Ажурирај: 02 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Саудиска Арабија сака градовите Мека и Медина да ги направи „центри на активностите на исламската економија“ и за таа цел потпиша договор меѓу надлежните институции и Исламската комора за трговија, индустрија и земјоделство (ICCIA), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Саудиската официјална новинска агенција СПА (SPA), потпишан е договор меѓу Стопанската комора на Мека, Стопанската комора на Медина и Исламската комора за трговија, индустрија и земјоделство (ICCIA) при Организацијата за исламска соработка (ОИС). На потпишувањето на договорот учествуваше и саудискиот министер за трговија, Маџид бин Абдула ал Касаби.
Трилатералниот договор има за цел да ги претвори градовите Мека и Медина во центри за финансиски и бизнис-активности во исламскиот свет.
Саудискиот министер за трговија, Маџид бин Абдула ал Касаби, укажа на присуството на работна сила низ историјата во градовите Мека и Медина во однос на услугите и комерцијалниот развој за муслиманите кои ги посетуваат светите земји.
Тој информира дека во рамки на Програмата на трилатералното партнерство ќе бидат организирани многу иницијативи и активности.
„Несомнено, двата свети града имаат место во срцата на сите муслимани. Со ова трипартитно партнерство се надеваме дека ќе ги зајакнеме трговските и економски врски меѓу нив“, рече ал Касаби.