Mahmoud Barakat
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 25 цивили загинаа во денешните воздушни напади на режимските сили во северозападниот град Алепо во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за АА, претставникот на Цивилната заштита во Алепо, Ибрахим Абу Лаит, рече дека режимските воени авиони ги бомбардирале цивилите што се обидувале да пребегаат од населбата Ал Мјасар кон Баб ал-Наираб, во областа на источен Алепо, контролирана од страна на опозицијата.
„Најмалку 25 лица загинаа, главно жени и деца, а голем број се повредени“, рече Абу Лаит. „Режимот нишани во сè што се движи“.
„Ситуацијата во градот е многу тешка“, додаде тој.
Според податоците објавени од страна на локалните претставници на Цивилната одбрана, од средината на ноември загинаа над 643 цивили, а стотици се повредени во нападите на режимот во источниот дел на Алепо.
Сириските режимски сили од неодамна ги интензивираа нападите врз делови од источно Алепо под контрола на опозицијата, во обид да го заземе градот и да продолжи кон Идлиб, едно од последните упоришта на сириската опозиција.
Интензивното бомбардирање ги принуди болниците и другите медицински установи во градот да престанат со операции додека не запрат нападите.