Burak Bir
30 Април 2022•Ажурирај: 01 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа седум терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите, кои отвориле оган во зоната на турската операција „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, се „неутрализирани со успешната интервенција на нашите командоси“, објави Министерството преку Твитер.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.