Turgut Alp Boyraz
26 Декември 2023•Ажурирај: 27 Декември 2023
КУДС (АА) - Повеќе од два месеца израелската армија врши напади врз Појасот Газа, а од напади не се поштедени ни тимовите за цивилна заштита и возилата на брза помош, пренесува Анадолу.
Во видеото објавено од палестинската Црвена полумесечина на социјалната платформа Х, нивните тимови, кои се обидуваат да ги соберат телата од улицата, за влакно избегнуваат да бидат цел на израелската артилерија.
„Тимовите на брза помош на палестинската Црвена полумесечина чудесно го преживеаја бомбардирањето со израелски хаубици додека ги собираа телата на мачениците во областа Катиба, Кан Јунис“, соопшти Црвената полумесечина.
Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа соопшти дека во 80 дена од израелските напади врз Појасот Газа, 140 здравствени установи, 53 здравствени дома и 23 болници не се во функција, 102 амбулантни возила се неупотребливи, а загинале 311 здравствени работници и 40 цивили.