Mahmoud Barakat
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
АМАН (АА) - Јорданскиот крал Абдула II денес поништи два анекса од Мировниот договор потпишан во 1994 година со Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бакура и Гумар се на врвот од листата на нашите приоритети“, напиша јорданскиот крал на социјалната мрежа Твитер.
„Нашата одлука за поништување на анексите од Мировниот договор е со желба да ги преземеме сите одлуки кои ќе им служат на Јордан и Јорданците“, изјави тој.
Јордан му ги препушти под контрола на Израел овие две територии со анексите 1/B и 1/C во рамките на јорданско-израелскиот Мировен договор, потпишан во 1994 година.
Јордан контролата над овие региони би требало да ја преземе в четврток.
Во текот на претходните денови избија масовни протести на кои Јорданците бараа враќање на контролата во двата региона и се закануваа со немири во случај Владата да го продолжи наемот на тие региони на Израел.