Büşra Nur Çakmak
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Турција ќе присуствува на „Преспа форумот за дијалог“ што се одржува во Северна Македонија на 1 јули и 2 јули, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Заменик-министерот Фарук Кајмакџи ќе учествува на сесија на високо ниво, насловена „Градење доверба преку дијалог“, на 1 јули како говорник, а исто така ќе одржи и билатерални средби со своите колеги“, се вели во соопштението на Министерството.
Кајмакџи, исто така, ќе одржи состаноци во Скопје со претставници на турската заедница и турските бизнисмени.