Sarp Özer
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Канцеларијата на државниот обвинител во Анкара утрово издаде наредба за притвор на 99 лица осомничени за врски со терористичката организација ФЕТО, која на 15 јули 2016 година, изврши обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу осомничените се 30 поранешни пилоти на Турските воздушни сили, вклучувајќи и еден поранешен командант со чин генерал.
Паралелно со тоа, полицијата по налог на Обвинителството во Баликесир започна акција во 13 турски градови со цел да приведе 22 активни војници осомничени за врски со терористичката организација ФЕТО.
И Обвинителството во Кокрајн нареди апсење на уште 71 осомничен за врски со терористичката организација ФЕТО, а полицијата изврши акција за приведување во 16 градови.
Терористичката организација ФЕТО во 70-тите години на минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 80-тите години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции и на 15 јули 2016 година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел уништување на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
За време на обидот за воениот удар, 251 лице загинаа, а околу 2.200 беа повредени.