Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
20 Февруари 2023•Ажурирај: 21 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Билатералниот обем на трговска размена меѓу Туркије и САД се повеќе продолжува, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, повикувајќи да се укинат санкциите против Анкара во областа на одбранбената индустрија, јавува Анадолу.
На заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Претседателскиот комплекс во Анкара,Чавушоглу рече дека финализирањето на договорот за продажба на борбени авиони Ф-16 е од корист за двете страни.
Тој истакна дека борбата против тероризмот е приоритетна точка на меѓусебната агенда и дополнително повика на зголемување на ефикасноста на соработката и спроведување соработка и на полето на безбедноста.
Запрашан за ставот на Туркије за американската поддршка на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, Чавушоглу рече дека Туркије верува дека соработката со терористичките организации против друга терористичка организација е „смртоносна грешка“ и дека терористичката организација ПКК/ЈПГ не се бори против терористичката оранизација ДЕАШ.
Чавушоглу го повика својот американски колега заедно да се борат против секаков вид тероризам и терористичка организација.
Цитирајќи го договорот од октомври 2019 година потпишан меѓу Анкара и Вашингтон, Чавушоглу рече дека САД мора да ги исполнат своите одговорности што произлегуваат од договорот.
Анкара и Вашингтон постигнаа договор во октомври 2019 година според кој се запре турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија на 120 часа за да се дозволи повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедна зона, но Туркије вели дека САД не ги исполниле своите ветувања.
Запрашан за билатералните односи, Чавушоглу рече дека двете земји не треба да чекаат нова катастрофа за да ги подобрат врските и повика да преземат конкретни и искрени чекори за подобрување на односите меѓу Туркије и САД.
Од своја страна, Блинкен ја изрази посветеноста на неговата земја да обезбеди поддршка за Туркије која е погодена од катастрофален земјотрес.
„Ние стоиме рамо до рамо во соочувањето со заедничките безбедносни предизвици“, рече Блинкен поздравувајќи ја улогата на Туркије во поддршката на Украина.
Во врска со договорот за Ф-16, Блинкен рече дека е „национален интерес и безбедносен интерес“ за администрацијата на Бајден да ги надгради постојните Ф-16 и да обезбеди нови за Туркије.
Блинкен, исто така, одговори на прашањето за американската поддршка на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија и рече дека неговата земја „многу ги признава“ легитимните безбедносни грижи на Туркије на нејзината јужна граница.
„Ние ќе продолжиме тесно да работиме заедно за да одговориме на тие две грижи. Во моментот, се разбира, и двајцата сме многу фокусирани на хуманитарната помош за народот во Сирија, кој, како и народот на Туркије, претрпе ужасни работи од земјотресот и работиме заедно за да ја максимизираме поддршката што може да им се даде“, рече Блинкен.