Ferdi Türkten
17 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
АНКАРА
Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека шест терористи на терористичката организација ПКК се неутрализирани од страна на турските сили во областа Гара во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Турски вооружени сили продолжуваат да ги уништуваат терористичките засолништа во северен Ирак. Уште шест терористи на ПКК се неутрализирани со воздушната операција спроведена во регионот Гара. Нашата борба против тероризмот продолжува ефикасно и одлучно“, се нагласува во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција.
Турските безбедносни сили водат обемна борба против терористите на ПКК во внатрешноста на Турција, но и во соседните Ирак и Сирија. ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.