Bojana Stojanovic
20 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
БЕЛГРАД
Во изминатите 24 часа од последици на заразеност со коронавирус во Србија животот го загубија 30 лица, што е највисока бројка на дневно ниво досега, додека бројот на новозаразени изнесува 6.254, јавува Агенција Анадолија (АА).
Регистрирани се вкупно 110.351 случај на зараза со Ковид-19, а во моментов хоспитализирани се 5.803 лица.
Последното деноноќие тестирани се 19.301 лице, од кои 6.254 биле позитивни на вирусот.
Во истиот период животот го загубија 30 лица, со што вкупниот број на починати поради заразеност со коронавирусот се зголеми на 1.140. Процентот на смртност во Србија изнесува 1,03 отсто.
Во полниците низ Србија на респиратор се врзани 192 пациенти.
Вкупниот број на спроведени тестирања во земјата изнесува 1.593.281 лица.