Zylfije Adem Jakupi
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа на Косово животот го загубија 11 пациенти од последици предизвикани од Ковид-19, а кај 855 лица е откриен коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека во последните 24 часа се тестирани 1.930 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 855 биле позитивни.
Од почетокот на пандемијата во земјата тестирани се вкупно 127.722 лица, од кои 32.877 биле позитивни, а 885 починаа како последица на заразеност со вирусот.
Последното деноноќие оздравеа 748 пациенти, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 19.772. Во моментов активни се 12.220 случаи на заразеност со коронавирусот.