Almir Terzic
20 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
САРАЕВО (АА) - Утрово во 07:07 часот во Воената Ковид болница „Карабурма“ во Белград, почина поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), српскиот патријарх Иринеј (Гавриловиќ), јавува Агенција Анадолија (AA).
Како што е наведено од Српската православна црква, за сите останати детали во врска со погребот на патријархот јавноста ќе биде информирана наскоро.
Патријархот Иринеј од 4 ноември се лекуваше од коронавирусот во болница во Белград, а беше приклучен и на респиратор.
Роден е на 27 август 1930 година во селото Видове кај Чачак. Дипломира на Богословскиот факултет во Белград, а по завршувањето на воениот рок работи како професор во Призренската богословија. Постипломски студии завршува во Атина.
На Светиот Архиерејски синод на Српската православна црква во јануари 2010 година избран е за архиепископ пеќки, митрополит белградско-карловачки и за српски патријарх.